Откриено е за што пејат „Спајс Грлс“ во големиот хит „Wannabe“
Веројатно и денес добро се сеќавате на големиот хит на „Спајс Грлс“ „Wannabe“, но сигурно на најголемиот број се уште не ви е јасно за што пејат девојките во песната.
Извор близок на поранешниот бенд, за „Дајли Стар“ сега објасни дека песната содржи стих за две девојки кои „уживаат во сексот под дејство на екстази“.
"We got Em (Baby) in the place who likes it in your face. We got G (Geri) like MC (Sporty) who likes it on an E", вели спорниот стих, кој во песената го рапува Мел Би.
Токму таа ги напишала поголемиот број стихови од хитот, а неименуваат извор открива и уште една занимливост за настанокот на песната „Wannabe".
- Во соседството на студиото во кое снимавме беа „Орбитал“ и „Кемикал Брадерс“. Беше тука и еден поп пеач од осумдесетите, кој не мразеше бидејќи бевме на негова територија. Бидејќи цело време одеше во тоалет со цигара, го нарековме „shits and cigars“. Тој прекар ни влезе во секојдневниот говор, па Мел Би во песната наместо „zig-a-zig-ah“ сакаше да биде „shits and cigars“, но се откажа од тоа, раскажа анонимниот извор за „Дајли Стар“.
Ново на Сител
-
Приведен 43-годишнк кој бил баран по централна потерница за издржување казна затвор од една година и шест месеци
-
Власти на Хамас: Над 500.000 лица се вратиле во градот Газа откако стапи во сила прекинот на огнот
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола