Телефонски разговор Зеленски-Трамп
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска имал „многу позитивен и продуктивен“ телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
– Му честитав на претседателот Доналд Трамп за неговиот успех и договорот за Блискиот Исток што успеа да го обезбеди, што е извонредно достигнување. Ако војната може да се запре во еден регион, тогаш сигурно и другите војни можат да се запрат – вклучително и руската војна, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој го информирал Трамп за нападите на Русија врз украинскиот енергетски систем и додаде дека ја цени неговата подготвеност да го поддржи Киев.
– Разговаравме за можностите за зајакнување на нашата воздушна одбрана, како и за конкретните договори на кои работиме за да го обезбедиме ова. Постојат добри опции и солидни идеи за тоа како навистина да нè зајакнеме. Потребна е подготвеност од руска страна да се вклучи во вистинска дипломатија – ова може да се постигне преку сила, напиша Зеленски и му се заблагодари на Трамп.
МИА
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Зеленски-Трамп
-
Во Гостивар ограбени 18 кг злато вредно 2 милиона евра
-
Вработена во казино од прометот одзела 816.297 денари и ги искоцкала на апарати
-
Злато вредно 1.8 милион евра украдено во грабежот во Гостивар
-
Две малолетнички во Карпош тепале врсничка, настанот го снимале и го споделиле на социјални мрежи
-
Битолчанец продавал марихуана на затвореници од КПУ Затвор Битола
-
Екс американскиот амбасадор во Белград: Бомбардирањето на Србија беше грешка
-
18-годишник од Скопје обљубил малолетничка