Откриена вистината за белиот леб: Еве дали црниот леб е навистина поздрав
Најновото истражување донело изненадувачки резултати кога бел леб на кришки споредиле со црн леб со житарки од цели зрна.
Тие го следеле нивото на масти и холестерол кај луѓето кои јаделе и заклучиле дека меѓу овие два видови на луѓе не постои разлика кога е нашето здравје во прашање - иако сите мислиме дека едниот е поздрав.
За да добијат точни резултати, 20 луѓе биле поделени на две групи кои едната недела јаделе бел леб а потоа црн. Потоа со помош на тестови на крв мереле количина на витамини и минерали, масти и холестерол.
На нивно големо изненадување, резултатите не се разликувале и едниот вид на леб не бил поздрав од другиот, пишува The Sun.
"Очекувавме огромни разлики во резултатите помеѓу белиот и црниот леб, но немаше никакви промени кои може да покажат дека едниот леб е поздрав од другиот за нашето здравје", изјавила Бриџер Бенелам од Нутритувната фондација на Велика Британија
Ново на Сител
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект