Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
Директорот на српската полиција Драган Васиљевиќ изјави дека на 111-те собири „Граѓани против блокади“, чие одржување го пријави Центарот за социјална стабилност, денеска имало вкупно 126.399 луѓе.
Тој рече дека сите собири поминале без инциденти, но дека во Шабац и Чачак имало ненајавени паралелни собири на луѓе кои се обиделе да го спречат одржувањето.
„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, граѓаните (против блокади) биле запрени од група луѓе... Таму можело да се случат инциденти, јас лично разговарав (со организаторот на собирот) и ги замолив да ја променат рутата. Разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Морам да напоменам дека на регистрираниот собир биле над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир имало околу 400, значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, поради што им се заблагодарувам за разбирањето“, рече директорот на полицијата.
МИА
Ново на Сител
-
Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега
-
ЦУК: Активни пожари во Липково и во Студеничани, 29 изгаснати
-
Во ЕП дискусија за употребата на сила против српските демонстранти и за демократијата во Србија
-
Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго
-
СОЗР ќе информира за новите таблички за службени возила, чиј рок за замена е до 15 септември
-
Две комисии ќе заседаваат во Собранието
-
Сончево и ветер од јужен правец
-
Пред дуелот со Велс, македонските фудбалери ќе имаат контрола со Летонија