Осумнеделен континуиран раст на цените на нафтата на светските берзи
И изминатата недела имаше раст на цените на нафтата на светските берзи, осма недела по ред, како последица на тензиите меѓу САД и Русија, околу Украина, но и на проценките за зголемената побарувачка оваа година на рекордно ниво.
– Сите сакаат да си обезбедат доволно нафта… ако дојде до инвазија, знаете дека следуваат санкции против Русија, што може да предизивикаат нарушување на снабдувањето со гас и нафра, изјави во петокот, Ендрју Липов, претседател на Lipow Oil Associates.
Меѓународната агенција за енергија ја соопшти оценката за недоволно снабдување, откако Организацијата на земјите извознички на нафта, предупреди дека светската побарувачка за нафта, оваа година може да расте уште повеќе, со оглед на силното закрепнување на економиите од корона кризата.
Но, Меѓународната агенција за енергија соопшти дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, со поголемо производство, би можеле да ги смират нестабилните пазари.
Иако се во раст осум недели по ред цените на нафтата се забавуваат во последните седмици, бидејќи економскиот раст би можел да забави во иднина.
Имено, затоа што во САД инфлацијата достигна 7.5 отсто, највисоко ниво во последните 40 години, американската Централна банка наскоро ќе ги зголеми клучните каматни стапки, и тоа поагресивно, отколку што се очекуваше.
Со ова, може да се забави растот на најголемата светска економија, а со тоа, и побарувачката за нафта.
Откако лани се зголемија за над 50 отсто, од почетокот на оваа година, цените на нафтата скокнаа за повеќе од 20 проценти.
Ново на Сител
-
Париските таксисти се закануваат дека ќе го блокираат пристапот до Ролан Гарос
-
Френки де Јонг би можел да ја напушти Барселона во летниот преоден рок
-
Манчестер сити, Челзи и Њукасл изборија учество во ЛШ на крајот од сезоната во Премиер лигата
-
УХМР: Утре се очекува силен ветер од северен правец
-
Израелската војска соопшти дека ги „интензивира“ активностите во Газа
-
Полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешковска од MO загинале во сообраќајката кај „Илинден“
-
Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску
-
Фетаи официјално соопшти дека останува дел од „Влен“