Осумина парагвајски војници убиени од марксистички бунтовници

Најмалку осумина војнци на армијата на Парагвај се убиени во заседа, додека биле во рутинска мисија.
Инцидентот се случил во реонот на местото Аројото, одалечено околу 500 километри северно од главниот град, Асунсион.
Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот врз армиските сили.
Министерот за внатрешни работи Франциско де Варгас изјави дека нападот најверојатно е дело на бунтовничката група „Парагвајска народна армија“ (ЕПП).
Според министерот Варгас, напаѓачите поставиле експлозив на патот, што обично го користат армиските сили.
Министерството за внатрешни работ тврди дека милитантната група ЕПП нема повеќе од 150 припадници. Бунтовниците имаат изјавено дека за својата борба се инспирирани од марксистичката идеологија. Со повремени напади се јавуваат од 2008 година.
Парагвајската полиција верува дека припадниците на ЕПП се одговорни за убиствата на околу 50 луѓе, како и дека цел на нивните напади главно се припадници на парагвајската олигархија.
Ново на Сител
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
-

Петмина мртви, повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
-

Денеска е Св. Великомаченик Димитриј – Митровден
-

САД ги укинаа санкциите против сирискиот претседател Ал Шара
