Осум иницијативи на денешната седница на Уставен суд
Уставниот суд денеска ќе ја одржи 12. седница, на чиј дневен ред се предвидени осум иницијативи за оценување на уставност и законитост, две барања за заштита на слободи и права и, како што е најавено, ќе треба да се донесат конечни одлуки за два предмета.
На дневен ред е иницијатива со која се оспорува Член 65, ставови 1 и 2 од Законот за вештачење. Оспорените законски одредби според подносителот на иницијативата содржат непрецизност или двосмисленост и ја нарушуваат функционално-логичката целина на Законот за вештачење, при што се дава можност за недоследно или различно применување на тие законски одредби во практиката.
- Со оваа одредба на Законот се овозможува неуставно мешање на извршната власт во функционирањето на здруженијата на граѓани и се дерогира уставната слобода во оваа област, се наведува во иницијативата.
Судиите ќе расправаат и по иницијатива со која се оспорува Член 7 став 1 алинеја 8 од Законот за експропријација и член 28 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање. Подносителот наведува дека со оспорените акти, со закон прво е приватизиран, па потоа одземен имот во корист на општина Делчево, поради изградба на градски пазар-големи трговски единици изградени на соседни градежни парцели, a на дел е изградена пристапна улица, која не е планирана ниту со ГУП, ниту со ДУП на Општината.
На дневен ред на денешната седница е и иницијатива за оценување на член 19 од Уредбата за начинот, поблиските критериуми за доделување на финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација која треба да се достави од корисниците на финансиската поддршка.
Подносителот на иницијативата наведува дека против решението на министерот не е дозволена жалба, а барателот на финансиска поддршка може да поведе управен спор.
-Оспореното прашање според него, со подзаконскиот акт не треба да уредува право на правна заштита, бидејќи тоа е предмет на уредување на законска материја, вели подносителот на иницијативата.
Судиите треба да ја разгледаат и иницијативата со која се оспорува Член 8 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, со кој подносителите сметаат дека се прави обид за ограничување на уставното право на слободно здружување. Во иницијативата се тврди дека членот 8 од Статутот е спротивен на Законот за адвокатурата и дека Комората ги пречекорила надлежностите, да уредува односи кои се во надлежност на Собранието. Тврдат дека иако се членови на АКРСМ, тоа не ги ограничува и не значи забрана за членување во други здруженија, сојузи, асоцијации во државата и во странство.
На дневен ред на денешната седница се и две барања за заштита на слободите и правата. Во првиот случај, подносителот наведува дека е дискриминиран по основ на социјална припадност согласно членот 110 алинеја 3 од Уставот. Според наводите во неговото барање, го известува Судот дека незаконски, без негово знаење и одобрување, му е преземан имот, и во текот на судските постапки било утврдено дека ја продал сопственоста поради влошената имотна состојба која настанала по семејни здравствени ситуации.
Во вториот случај, подносителката наведува дека со Решение од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија е дискриминирана по основ на социјална нееднаквост, бидејќи иако стекнала право на старосна пензија во износ поголем од 76,239 денари (определен од државата како највисок), сепак не ја добила пензијата која и била пресметана, туку највисокиот износ на пензијата определен во моментот на стекнување на правото на пензија.
Ново на Сител
-
Пронајдени 204 тела од уривањето на авионот на Ер Индија
-
Иран, по резолуцијата на МААЕ, најави изградба на нова постројка за збогатување на ураниум
-
Најмалку едно лице ја преживеа авионската несреќа во Индија
-
Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112
-
Усвоени неколку закони на 53. седница на Собранието
-
Нападнат малолетник во Марино, настанот снимен со мобилен
-
Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
-
Меџити од Украина: Силно ја осудуваме руската агресија, бараме итно запирање на војната