Осуден: Таткото што го стави синот во перална и ја вклучи доби 30 години робија
Французинот кому тригодишниот син му почина откако го стави во машина за перења е осуден на затворска казна од 30 години, објавија денеска француските медиуми.
36-годишниот Кристоф Шампноа во ноември 2011 година го турнал стигодишниот син Бастијан во перална и потоа ја вклучил, наводно за да го казни за лошото однесување,
Мајката на детето, 29-годишната Шарлен Кот на инспекторите им рекла дека составувал слагалица кога го слушнала детето како вреска од пералната, а таткото сурфал на интернет. Мајката исто така е осудена на затворска казна од 12 години заради „помагање и поддржување на убиство и злоставување“.
Кот рече дека кога нејзиниот, сега веќе поранешен сопруг го извадил Бастијан од пералната и забележал дека не дише, рекол; Сега повеќе нема да ни смета. Мајката повикала брза помош и рекла дека има мал проблем и дека синот им паднал по скалите.
Тој подоцна рекол дека го бањал детето и дека најверојатно се удавило зошто вода му излегувала од носот. Постарата сестра на жртвата во време на убиството имала 5 години, на лекарите им рекла дека таткото го ставил Бастијан во пералната зошто бил немирен, и тоа го тврдела до крајот на истрагата.
Во текот на истрагата полицајците дознаа дека таткото не го сакал малиот Бастијан и дека над него спроведувал остри казни по што детето станувало се понервозно и дома и во градинка, а меѓу другото го заклучувал и во плакар.
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис