Остри критики на Ле Дриан до Трамп
За време на својата прва официјална посета на Вашингтон, Жан-Ив Ле Дриан, француски министер за надворешни работи, излезе со остра критика до американскиот претседател Доналд Трамп.
- Трамп свесно води политика на повлекување на САД од своите меѓународни обврски и ја води земјата во изолација, изјави тој по средбите со државниот секретар Рекс Тилерсон, советникот на Трамп, Џаред Кушнер и некои конгресмени од републиканците и демократите.
Ле Дриан алудираше на отфрлањето на Парискиот договор за контрола на климатските промени од страна на Вашингтон, непризнавањето на нуклеарниот договор со Иран и негирање од страна на Трамп на меѓународниот консензус за непризнавање на Ерусалем за престолнина на Израел, се додека статусот на градот не е разрешен од страна на Израел и Палестина.
Трамп на 7 декември соопшти дека го признава Ерусалим за престолнина на Израел и дека САД се подготвуваат да ја преселат својата амбасада од Тел Авив во Ерусалим.
Советот за безбедност на Обединетите Нации вчера гласаше да ја оспори таа одлука, но неуспешно, затоа што САД, како постојана членка на Советот во кој членуваат 15 земји, го искористи своето право на вето.
- Со таа одлука Трамп му дава право на Иран да го контролира проблемот со Палестина, изјави Ле Дриан.
Ново на Сител
-
На Табановце се чека 15 минути, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри
-
Асанж пуштен од затворот во Велика Британија
-
Почнува собраниската постапка за дополнување на Законот за енергетика за да се намали цената на струјата од 1 јули
-
Официјално претставување на проектот за развој на парк на ветерници, вреден над 500 милиони долари
-
Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје
-
ЕУ ги започнува преговорите за членство со Украина и Молдавија
-
Стејт департментот ги внесе Русија и Белорусија во списокот држави спонзори на трговија со луѓе