Останале без струја и храна, детали за евакуирањето на родителите и двете малолетни деца на Шапка
Семејство со две малолетни деца кои останале заглавени на Попова Шапка поради снежни навеви на патот во викенд населбата биле евакуирани од тетовски полицајци, па потоа и со возило на СВР Тетово однесени дома во Скопје. Полицијата била ангажирана откако 35 годишниот сопруг и татко побарал по телефон помош со оглед дека немаат струја и храна во викендичката.
-Вчера во 12 часот и 40 минути, Б.А.(35) од Скопје во СВР Тетово пријавил дека поради големи снежни навеви, бил отсечен пристапот до неговата викендичка на Попова Шапка, во која се наоѓале и сопругата и двете малолетни деца и дека поради тоа, тие не се во можност да излезат надвор и да заминат кон Скопје. Б.А., исто така, кажал дека во викендичката немаат електрична енергија и дека веќе немаат резерви од храна и огрев. Веднаш по пријавата, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка се упатиле кон викендичката за да ги евакуираат лицата, а во меѓувреме во координација со локалната самоуправа е ангажирана и потребната механизација за пробивање на пат, по што лицата со возило на Секторот за внатрешни работи Тетово се пренесени до нивниот дом во Скопје, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Ноќта помеѓу неделата и понеделникот поради силен ветер и интензивни врнежи од снег завеан беше патот во населбата со викендички во Попова Шапка. Околу полноќ дошло до прекин во снабдување со електрична енергија.
-Механизација вчера до 21 часот го расчистуваше патот, а утринава се продолжи со работа. Патот е речиси исчистен, но ноќеска повторно врнеше снег, а за среќа нема ветер, изјави Хавзи Ризвани, претседател на месната заедница и здружение на граѓани сопственици на викендички на Попова Шапка.
Во викенд населбата има околу 650 објекти.
Ново на Сител
-

Царина заплени фотоапарати, цигари, дрога, автоделови, возило со бункер, облека и фалсификувана стока
-

Судскиот процес за трагедијата во „Пулс“ почнува утре
-

Гори небодерот на „Вјесник“ во Загреб: Гаснењето ќе трае цел ден, без опасност од уривање
-

Опожарен камион на „Чистота и Зеленило“ на депонијата Краста во Куманово
-

Приведени двајца криумчари од Албанија, пронајдени пет мигранти
-

Ужас во Скопје: 23-годишник силувал 5-годишно девојче и се заканувал дека не смее да кажува на нејзиниот татко
-

Oткупот и продажбата на земјоделските производи во третото тримесечје од 2025 година зголемени за 10,4 отсто
-

Намалено вкупното производство на шумски производи во државните шуми
