Осомничени уште четири лица за случувањата во Собранието
Полицијата ќе поднесе посебно известување до Основното јавно обвинителство за уште четири лица од Скопје за случувањата во Собранието од 27 април.
МВР информираше дека вчера од страна на СВР Скопје во соработка со ОЈО на службени разговори се повикани повеќе лица за кои постоеле сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот Парламент.
Притоа, поради констатирано постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од Кривичниот законик на РМ од страна на лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, како и кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од Кривичниот законик на РМ од страна на лицето Н.П. (39) од Скопје, за истите СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесено посебно Известување.
Од МВР истакнуваат дека Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните на 27 април во Собранието на Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.
Ново на Сител
-
Нова детска градинка во Кисела Вода
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран новиот централен одбор на СДСМ, Филипче најавува враќање на победничките патеки
-
Тема на денот со Татјана Стојановска, активист во иницијативата О2
-
30 конгрес на СДСМ - Отчет за поразот и избор на телата на партијата
-
Ахмети: Без Aлбанците, Македонија нема иднина
-
Владата и банките договорија 1,95% камата за унгарските пари
-
Автопатот Охрид - Кичево готов до 2026 година