-->
-->
Осмо издание на фестивалот „Ин Виница веритас“
-->

Годинашното осмо издание на меѓународниот фестивал за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ во Виница ќе се одржи од 19-ти до 23 октомври и ќе бидат изведени пет престави со хумористична содржина на театарски аснамбли од Македонија и Србија.
Ова беше истакнато на денешната прес-конференција на Фестивалската управа на која пред новинарите беше пртетставена и програмата на фестивалот.
- Фестивалот започнува на 19 октомври вечерта кога во големата сала на Домот на културата ќе им бидат доделени наградите на годинашните добитници од меѓународниот конкурс на тема „Светот е мал“, истакна Славко Данев, директор на Домот на културата „Тошо Арсов“.
Тој инфотмираше дека очекува на отворањето на фестивалот да пристигнат и наградените и пофалените карикатуристи, а во чест на наградените ќе биде прикажан сценскиот проект „Има една земја“ по текст на Бојан Љубеновиќ во режија и актерска игра на Јовица Јашин.
Во рамките на фестивалот ќе настапат театари од Штип, Велес, Битола а на затворањето - театарот од Теразија од Белград со претставата „Чај од јасмин“.
За градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев, овој меѓународен фестивал на хумор и сатира е убава можност за презентација на Виница и нејзините културни вредности и надвор од нашата земја бидејќи, како што истакна тој, годинава пристигнале 320 карикатури на автори од 47 земји од Европа и светот.
Фестивалот финансиски го помогнаа Министерството за култура и Општина Виница со буџет од еден милион денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп: Претседателот на Колумбија е шверцер на дрога
-
Излезноста до 17 часот на ниво на држава е 39,87%
-
Хрватската полиција конфискувала над 700 илјади евра пронајдени во автомобил, уапсен албански државјанин
-
Уапсен член на избирачки одбор во Чаир
-
Хамас: Пронајдовме тело на уште еден заложник, ќе го предадеме ако „дозволат условите“
-
Локални избори 2025, вести во 16:00 на Сител Телевизија
-
Мирен изборен ден во Штип, Пробиштип, Свети Николе и Карбинци
-
Во Битола до 15 часот гласале 31,45 проценти од гласачите