Османи: Владината седница во Тетово е регионален пристап за подобри резултати
Втората седница на Владата која се одржува денеска во Тетово по онаа во Битола е со цел сите функционери да се фокусираат на регионот кој го посетуваат и лично да ги согледаат дилемите и прашањата на подрачјето, истакна вицепремиерот Бујар Османи од Тетово при теренските активности. Тој изврши увид на реконструкција на булеварот Видое Смилевски-Бато во Тетово заедно со министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на ЈП Македонија пат, Беким Мемети.
-Владиниот фокус со регионалниот пристап дава резултати и затоа седницата на Владата е со цел да бидеме поблиску до граѓаните но и да го покриеме општините околу Тетовско и Гостиварско со цел фокусираме за рамномерен регионален развој. Идејата е да има пресек што е направено како и надгледување во овие региони со граѓаните со цел да се координираат активностите, рече Османи.
Тој потенцира дека во Тетовско се издвоени средства за различна инфраструктура во изминатот период.
-Пет милиони евра се искористени во завршени проекти, седум милиони евра во фаза на подготовка, а 70 милиони евра во нови инвестиции. Се издвојува патот Попова Шапка-Тетово каде долгорочната цел е модернизација на скијачкиот центар. Во подготовка е реконструкцијата на автопатот Тетово-Гостивар, во тек е изградбата на магистралниот гасовод Скопје- Тетово-Гостивар, водоводни и канализациони мрежи и слично, рече Османи.
-Во соработка со градоналачалничката на Тетово и со министрите донесовме одлука да се работи на овој патен правец. Чини 37 милиони денари, а ќе се асфалтираат четири километри. На пролет одиме на уште поголема офанзива да ја подобриме сообраќајната комуникација на сите граѓани, рече Беким Мемети, директор на ЈП Македонија пат.
Ново на Сител
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата
-
Во Прилеп се оддржа „Палачинкијада“ и се прогласи првенци на генерација
-
Преглед на вестите од светот
-
ЗНАМ ги соопшти имињата на новите министри
-
Tема на денот со Кирил Барбареев, универзитетски професор
-
Милошоски, Бендевска и Митрески избрани за потпретседатели на Собранието
-
Факултетот на Мерко се уште нема акредитација, а веќе се објавени условите за упис