-->
-->
Османи утре во прва официјална посета на Саудиска Арабија
-->
– Министерот за надворешни работи Бујар Османи, утре ќе престојува во прва официјална посета на Кралството Саудиска Арабија, на ниво на министри за надворешни работи.
За време на посетата, како што соопшти МНР, Османи ќе оствари средба со Неговото Височество Принц Фаисал бин Фархан Ал Сауд, министер за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, како и со други високи официјални претставници на земјата.
Целта на посетата е понатамошно унапредување на билатералните односи меѓу Северна Македонија и Кралството Саудиска Арабија, со посебен фокус на соработката во областа на економијата, туризмот и бизнис релациите меѓу двете земји.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тужбата на Шеху против ДИК во понеделник пред Управен суд
-
Тема на денот со Сашо Клековски - Директор на ФЗО
-
Преглед на вестите од светот
-
ДИК го усвои упатството за помал број на советнички места во дел од општините
-
Левица најави кандидат за Скопје - Партиите со заострена реторика за локалните избори
-
Николоски тврди: ЕУ ги пролонгира новите правила за влез и излез за македонските граѓани
-
Само 4ИГ достави понуда на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати