Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, му ја честита победата на својот противкандидат Изет Меџити од коалицијата Вреди и му посака успех во водењето на општината во следните четири години.
Османи, во објава на својот профил на Фејсбук, оцени дека изборниот ден поминал успешно и без поголеми забелешки, нагласувајќи дека тоа е важно за довербата во изборниот процес. Тој се заблагодари на сите соработници кои биле дел од кампањата и посочи дека било вистинска чест да се работи со посветеност и жртва во процес во кој, како што наведува, се создала визија за Чаир, но и многу нови пријателства.
– Најпрво би сакал да го изразам моето задоволство од изборниот ден. Имавме успешни избори, без големи забелешки, што е важно да се нагласи. Сакам да ја изразам мојата благодарност до сите соработници во текот на целата кампања – активисти, партиски и коалициски пријатели, поддржувачи, женски и младински форум. Беше вистинска чест да се работи со посветеност и жртва во процес во кој се создаде прекрасна визија за Чаир, но и многу нови пријателства, напиша Османи.
Во објавата тој додава дека, иако кампањата не била целосно фер и легална во сите аспекти, нема намера да се жали, бидејќи, како што вели, чесноста и вредностите имаат смисла само кога се одржуваат и во вакви ситуации. Тој му честиташе на Меџити и на коалицијата што застанала зад него, нарекувајќи ги победници на изборите во Чаир и посакувајќи им успех во водењето на општината во наредниот четиригодишен мандат. Во објавата Османи изрази благодарност и до своето семејство, кое, како што вели, го понело најголемиот товар од неговиот политички ангажман.
– Честитки до мојот противкандидат и до целата коалиција што застана зад него. Тие се победници на изборите во Чаир и им посакувам успех во водењето на општината во следните четири години. На крајот, би сакал да им се заблагодарам на моето семејство, тие го понесоа најголемиот товар од мојот политички ангажман, но оттаму добив и најсилна поддршка, вели Османи најавувајќи ги своите следни чекори во наредните денови.
МИА
Ново на Сител
-

Кривична пријава за скопјанец, не обезбедил услови за работа, двајца повредени работници
-

Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја
-

Синер за неговите шанси да ја заврши годината како играч број еден во светот: Невозможно е
-

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Русопулос в понеделник ќе се обрати пред пратениците
-

ЈП Паркинзи на Општина Центар со нови информативни табли и можност за плаќање со QR-код
-

Кумановка измамена за 2.000 евра од вработен во туристичка агенција
-

Прегазено 11-годишно девојче во Скопје, возачот го напуштил местото на настанот
-

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници
