Османи изрази сочувство до семјството на починатиот амбасадор Назифи
– Почина актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска изрази сочувство до семејството на Назифи, посочувајќи дека тој бил извонреден човек и дипломат.
-Со длабока тага ја примив веста за смртта на амбасадорот Рамадан Назифи, актуелен амбасадор на Северна Македонија во Берлин од 2019 година, амбасадор во Швајцарија од 2009 до 2013 година и долги години во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството. Упатувам сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството.
Нека почива во мир!, напиша на Фејсбук министерот Османи.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ утврди кандидати за градоначалници за претстојните локални избори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
34 лица обвинети за пожарот во кочанската дискотека
-
СДСМ ја поздравува проширената истрага но смета дека е задоцнета
-
Македонија и Унгарија потпишаа договор за стратешка соработка
-
Претседателката: Не е проблем да разговарам со премиерот Жељасков
-
Правда финализираше пет закони од Реформската агеда
-
СЗДСМ - или современи помагала или лицата со дијабет ќе излезат на протест