Османи-Хан: Очекуваме извештај од ЕК за потврда на одлуката за преговори
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи во рамките на посетата на Брисел оствари средба со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, на која било разговарано за напредокот на земјата во испорачување на предвидените реформи во насока на отпочнување на претпристапните преговори со Унијата.
Османи, како што информираат од неговиот кабинет, на средбата го известил еврокомесарот Хан за динамиката на спроведување на реформите предвидени во Планот 18, особено во клучните области на владеење на правото, безбедносните и разузнавачките служби, реформата на јавната администрација и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
– Очекуваме уште подобар Извештај за напредокот на земјата кој ќе го рефлектира реформскиот моментум во земјата, заедно со уште една препорака која ќе претставува основа за конфирмација на одлуката на Советот на ЕУ во Јуни, за почеток на преговорите со Република Северна Македонија, истакнал Османи на средбата.
Османи, исто така, ги посочил и активностите во создавање и обуката на преговарачка структура во земјата.
Во текот на посетата на Брисел, информираат од кавинетот на Османи, тој ќе оствари и средба со Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“.
На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел.
Ново на Сител
-

Расчистено насилство во скопско, поднесена е кривична пријава против три лица
-

Пијан возач од Струмица усмрти 19-годишна девојка на мотор
-

Ангелов: Вчера беше најтежок ден во оваа сезона на пожари
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран

