Ангелов: Вчера беше најтежок ден во оваа сезона на пожари

Вчерашниот ден беше најтежок во оваа сезона на пожари од аспект на загрозеност на населени места, бидејќи имавме два алармантни пожари, изјави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС). Во видеоизјава Ангелов соопшти дека во текот на вчерашниот ден имало над 40 пожари на отворен простор, а од нив активни во овој момент се шест кои не загрозуваат населени места, ниту има опасност да влезат во квалитетна шума.
Како што рече, драматично вчера било во село Богомила во општина Чашка и во пелагониските села Ивањевци, Лознани и Новоселани. Им се заблагодари на ангажираните тимови на ДЗС и ја пофали пожртвуваноста на населението кое ги бранело своите куќи, како и брзата реакција на локалните пожарникари и од доброволните друштва.
Во село Богомила во општина Чашка, рече Ангелов, огнот вчера се приближил до до првите куќи.
-Благодарение на храбрата и брза реакција, пред се, на локалното население, беше спречена катастрофа. Бргу пристигнаа и пожарникарите од Велес кои дадоа голем придонес - најпрво за локализирање, ставање под контртола и гасење на овој тежок пожар, посочи Ангелов.
Најтешка ситуацијата со справување со пожарите вчера била во Пелагонија каде што пожарот ги загрозил селата Ивањевци, Лознани и Новоселани. Ја издвои храброста на младиот тракторист Александар Чепиговски) од село Ивањевци, кој со својот трактор орал директно низ огнот и придонел за гасење делови од огнента линија. Соопшти и дека еден жител бил повреден и пренесен во болница поради изгореници на дланките.
-Во доцните попладневни часови лично пристигнав во селото Лознени и тоа што го видов беше застрашувачки затоа што огнот беше на 50-ина метри над куќите и се движеше по висока сува трева кон првите куќи на селото. Веднаш побарав поддршка од тимови од четири „пинцгауери“ од ДЗС, на местото гасеа локалните пожарникари од Битола, но нивните сили беа недоволни затоа што линијата на огнот беше екстремно долга. Потоа „пинцгауерите“ ги распоредивме околу селата, борбата се водеше неколку часа, извонредно голем придонес даде локалното население, вели Ангелов во видеоизјавата.
Веднаш потоа ангажирал тим за брз одгвоор на ДЗС, составен од 20 припадници на Доброволното противпожарно друштвво „Архангел“ од Битола, кои брзо се распоредиле и помогнале во гасење на преостанатите линии.
-Имаме и едно повредено лице, најверојатно со изгореници на дланките. Тој е пренесен во болница и дополнително ќе објавиме за неговите повреди, рече Ангелов.
За трактористот Аце (Александар Чепиговски) од село Ивањевци истакна дека со неговиот огромен трактор направил херојско дело, орајќи директно низ пожарната линија и гасејќи голем дел од линијата којашто загрозувала еден дел од селото Лознени.
-Битката беше многу тешка и затоа апелирам до граќаните да бидат многу внимателни, рече Ангелов
Како сериозен го оцени и пожарот кој трае неколку дена на територијата на Македонски Брод. Се работи за тешкопристапен карпест терен, поради што вчера наутро почнал со работа еден модул за шумски пожари на ДЗС, составен од 25 доброволци и пет оперативци на Дирекцијата.
-Во текот на вчерашниот ден имаа извонредни резултати бидејќи изгаснаа поголема линија од пожарот, а рано утрово продолжија со работа, посочи Ангелов.
„Ер тракторите“ вчера интервенирале на големиот пожар во атарот на село Студеничани кој се ширел кон планината.
-Делумно пожарникарите, делумно слаб дожд помогнаа овој пожар да ја изгуби силата, но, за жал, се уште е активен, додаде Ангелов во видеоизјавата.
МИА
Ново на Сител
-

МНРиНТ: Македонските државјани во подрачјата зафатени од грчките пожари да ни се обратат ако им треба помош
-

ЦУК: Активни шест пожари на отворен простор, три се под контрола и 31 изгаснати
-

САД ја преиспитуваат нуклеарната стратегија, фокус на одвраќањето и стабилноста
-

Почнува Богородичниот пост
-

Скот Бесант: САД ќе спроведат „невидени“ мерки против Иран
-

Делови од мотор го скршиле стаклото на авионот на „Рајанер“ во инцидентот кога беше повреден патник од Србија
-

Голем пожар крај Омиш: 36 лица повредени, 7 во животна опасност
-

Облачно со сончеви периоди, на места услови за краткотрајно невреме
