Оштетено возило од заскитан куршум на прометна улица во Тетово
Во тетовската полиција вчера било пријавено оштетување на автомобил од заскитан куршум. Сопственикот го паркирал возилото на прометна улица во Тетово, а кога се вратил по шест часа ја увидел штетата.
– Педесетгодишниот С. Б. од тетовското село Порој пријавил дека околу 9 часот го паркирал неговото патничко возило „фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки на улица „Јане Сандански“ во Тетово. Кога се вратил околу 15 часот забележал оштетување на предното ветробранско стакло и во внатрешноста на возилото од испукан проектил. Извршен е увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, инфомираат од СВР Тетово.
Секторот за внатрешни работи Тетово редовно апелира до граѓаните да не употребуваат огнено оружје на семејните веселби и свадби со оглед дека минатите години чести беа случаите на повредени лица и оштетени возила и друг имот.
Пукањето со огнено оружје е спротивно на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и глобата за ваков вид на прекршок се движи од 200 до 500 евра во денарска противвредност. За кривично дело „предизвикување општа опасност“ доколку има и последици е предвидена затворска казна од една до пет години.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња