Живот
3. December 2018 - 22:38

Осамен слон тероризирал град во Индија: Животното се одвоило од крдото, луѓето бегале по покривите

Осамен слон, кој се одвои од стадото направил хаос во едно индиско гратче, ранувајќи три лица.

Иако тие диви слонови обично се мирни суштества, сепак може да претставуваат закана за населбите ако еден од нив се одвои од стадото. Таков инцидент се случил кога стадо од 22 слонови влегоа во Танг, полуградска населба во округот Корда во Индија.

Официјалните лица го вратиле крдото во соседната шума, но еден од слоновите се одвоил и се вратил во градот.

Преплашените жители морале да спасуваат живи глави, зошто животното ги бркало низ улиците и на железничката станица и на блиските пруги, присилувајќи ги да се качат на покривите од зградите.

Поради ова едно време бил запрен и железничкиот сообраќај. Додека нападите од слонови во индиските села кои се блиску до шума не е се невообичаени, реткост е животно да влезе во град.

Во одвоен инцидент, човек во селото Кулуебага во огругот Сундаргар, Одип, бил изгазен до смрт откако слон влегол во населбата.