Орбан: Унгарија нема да стави вето на санкциите против Русија
Унгарија нема да стави вето на санкциите на Европската унија против Русија, а единството на 27-члениот блок е најважно со оглед на војната во Украина, која Унгарија недвосмислено ја осудува, изјави премиерот Виктор Орбан.
– Не можеме и нема да носиме никакви одлуки кои би ги претвориле унгарските населби или луѓе – без разлика дали се Унгарци што живеат во Закарпатија или Украинци – во цели, рече Орбан во видеото објавено синоќа на Фејсбук по состанокот на владата.
– Најважно е Унгарија да остане надвор од оваа војна, рече тој. Меѓутоа, Орбан додаде: Украина е наш пријател; тие се во неволја и на оние во неволја мора да им се помогне.
– Покренавме една од најголемите хуманитарни кампањи во историјата на Унгарија, рече тој. „Како прв чекор, испраќаме храна, средства за хигиена и производи за нега на бебиња во вредност од 600 милиони форинти (1,6 милиони евра).
Инаку, неделава Унгарија се приклучи на иницијативата на осуммина лидери од ЕУ за почеток на преговори за членство со соседна Украина, но Унгарија, членка на НАТО, одби транспорт на смртоносно оружје преку нејзина територија до источниот сосед.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари
-
Сите 80 општини поднеле апликации за реализација на проекти од вториот владин повик
-
Три лица се повредени при напад со остар предмет во кочанско
-
15-годишник со мотор удрил во малолетник
-
Две жени од Куманово нападнати од нивните партнери
-
Сопругата на глумецот Џорџ Клуни се соочува со забрана за влез во САД
-
Зголемена фреквенција на возила на Табановце, на останатите гранични премини нема подолги задржувања
-
Бројот на работници во индустријата намален за 3,9 проценти во првиот квартал