Орбан: Унгарија е за мир, но мора да биде внимателна и подготвена
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера го посети командниот центар за контрола на здружените сили во Секешфехервар, со цел да се запознае со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата МТИ.
Орбан повтори дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата.
-Развојот на војската и одбранбената индустрија не смее да забави и покрај економската криза предизвикана од санкциите. Ние сме за мир, но мора да бидеме внимателни и подготвени, додаде тој.
Унгарскиот министер за одбрана, Кристоф Салај-Бобровнички, го информираше Орбан за статусот на програмата за развој на одбраната и вооружените сили, обуката на персоналот и достигнувањата во развојот на капацитетите.
Ново на Сител
-
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Митинг на СДСМ
-
Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ
-
Скапата терапија проблем за лицата со ретки болести
-
Преглед на вестите од светот
-
Ветото ја кочи ЕУ, отпор кон предлогот на Кошта за квалификувано мнозинство
-
Советниците на Град Скопје ја завршија последната седница за нецели 5 минути и заминаа на коктел
-
Мицкоски и Филипче се обивнуваат за црна кампања