Општина Василево со два проекти во Програмата за прекугранична соработка со Бугарија
Заменик-министерот за локална самоуправа, Љупчо Пренџов, денеска ја посети општина Василево, каде заедно со градоначалникот Ване Стојанов, разговараа за подготвеноста на оваа локална самоуправа да учествува на вториот повик за искористување на средствата од Европската унија преку ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.
Пренџов го истакна задоволството од високиот степен на прекугранична соработка меѓу соседните општини од двете држави, кој во првиот повик покажал степен на реализација од над 90 по сто.
- Општина Васелево со изградбатана детската градинка е убав пример за тоа,како една мала општина може најрационално да ги искористи средатвата од Програмата за решавање на значајни барања на граѓаните. Во овој втор повик на пограничните општини од двете земји на располагање им се срдства од 7,25 милиониевра од вкупните 19,8 милиони кои се наменети за целосна реализација Програмата за прекугранична соработка, рече Пренџов.
Тој нагласи дека во годинашниот повик ќе бидат опфатени три оски на соработка и тоа: подобрување на бизнисот, пред се развојот на мали и средни претпријатија, потоа културното наследство и туризмот и третата, заштита на животната средина и климатските промени.
Градоначалникот на Василево, Ване Стојанов, истакна дека општинската администрација веќе има изготвено проекти со кој ќе настапи на вториот повик за прекугранична соработка.
- Како локална самоуправа сме подготвени за реализација на вакви капитални објекти и веќе сме во преговори со општините Струмјани и Сандански од Република Бугарија.Во едниот проек сме партнери,а во другите како носители на проектот.Останува во наредниот период да ги потпишеме договорите и да поднесеме апликацијата за заедничкитепроекти, рече Стојанов.
Ново на Сител
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност
-
Макрон: Нема оправдување за нападите врз цивилното население во конфликтот меѓу Израел и Иран
-
Судот во Струга го осуди градоначалникот Мерко со десет илјади евра парична казна