Општина Неготино ќе исплаќа 7.000 денари надомест за секое новородено дете
На предлог на градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, врз основа на Законот за локална самоуправа и Стаутот на општината, советниците во Советот на општина Неготино ја усвоија одлуката за исплаќање на еднократен паричен надоместок за секое новородено дете во општина Неготино, информираа денеска од општинската Служба за односи со јавност.
-Со одлуката, општина Неготино на родителите кои живеат на територијата на општина Неготино, ќе им исплаќа по 7.000 денари надоместок за секое новородено дете. Исплатата на овие средства ќе се врши со средства од буџетот на општина Неготино за 2021 година, како помош за новороденчиња. За начинот и динамиката на доделување на паричните средства за секое новородено дете, јавноста ќе биде дополнително и благовремено информирана, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР
-
Сиљановска Давкова: Спортската неписменост и говорот на омраза се срам за сите
-
Беким Сали нов вицепремиер, ако Меџити победи во Чаир
-
Објавен огласот за избор на претседател на Антикорупциска, трае 10 дена
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција