Општина Кисела Вода започна со изградба на водоводна мрежа на улицата “Саса 30” во населба Пинтија
Градежните активности кои се дел од проектот на општина Кисела Вода за продолжување на постојната водоводна мрежа на улица “Саса 30”, пуштена во употреба пред три години, се во тек. Екипите интензивно работат на поставување на цевки од дуктулно железо со различен дијаметар, во должина од околу 740метри.
На оваа мрежа ќе се приклучат околу 30 до 40 домаќинства кои живеат во непосредна близина, а можност за приклучок, во иднина ќе имаат и новоизградените објетки во тој дел од населбата Пинтија.
Општина Кисела Вода за изградбата на новата водоводна мрежа одвои вкупно 5.893.214 денари. Според договорот градежните активности треба да завршат за 90 дена од почетокот на изведбата на проектот.
Општина Кисела Вода апелира до сите граѓани кои живеат на оваа улица или во близина, за нивно трпение и разбирање додека траат градежните зафати, бидејќи бенефитот најмногу ќе го почувствуваат токму жителите на овој дел од градот.
Ново на Сител
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски
-
Двојно убиство и самоубиство во Велес
-
300 пати над дозволеното присуство на јаглерод моноксид
-
Пожарот во Трубарево е изгасен, на Дрисла се уште чади
-
МВР ќе ги засилува капацитетите и контролата на депониите и критичните точки на палење