Општина Кичево со повик за правни и физички лица за плаќање данок на имот

Правните и физичките лица кои поседуваат имот на територијата на општина Кичево, а немаат добиено решенија за плаќање данок за 2019-та, се обврзани да дојдат во Општината и сами да си подигнат, додека оние на кои решенија им се уредно доставени, да ги подмират обврските.
Ова е содржано во повикот што го објави Општина Кичево и со чие стапување во сила од денот на објавувањето, ќе се смета дека лицата (правни и физички) се информирани во писмена форма.
-Негативните последици како присилна наплата, парична казна, дополнителни трошоци,… кои евентуално може да настанат, ќе ги подмири самата странка. Доколку сте извршиле наплата која не е евидентирана, или е потребно нивелизација врз основа на данок, Ве молиме да се обратите до Општина Кичево, се вели во соопштението од Службата за односи со јавност на Општината упатена преку медиумите.
Ново на Сител
-

Скопје одбележува 81 година од ослободувањето
-

СДСМ: Да се прошири истрагата
-

Донатори од Србија донираа витражи за гробот на Тоше
-

Младите да се доближат до верата
-

Окупната цена на арпата во слободен пад
-

Преглед на вестите од светот
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
