Општина Кавадарци ќе им помага на изнемоштените и невработените
Општина Кавадарци преку јавен повик ги информира заинтересираните да се вклучат во Програмата за oпштинско-корисна работа, проект „Грижа за стари, изнемоштени и лица со оштетен вид“. Преку овој проект, на изнемоштените им се нуди помош, а на невработените работно ангажирање.
Проектот е врз основа на договорот за соработка меѓу Агенцијата за вработување на Република Македонија, Програмата за развој на Обединетите нации УНДП и општина Кавадарци, согласно Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година и Програмата за општо-корисна работа.
- Се повикуваат сите стари и изнемоштени лица, кои живеат сами, односно со својот брачен другар, на кои им е потребна грижа, инвалидизирани лица на кои им е потребна нега, како и лицата со оштетен вид, кои имаат потреба од поддршка, да се вклучат како крајни корисници, стои во повикот.
На лицата ќе им биде овозможена шестмесечна елементарна помош и грижа, при набавка и достава на храна, лекарства и други намирници за кои ќе имаат потреба, при плаќање сметки...
Општината исто така ги повикува сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во проектот, за работно ангажирање со скратено работно време за период од шест месеци. Невработените да се пријават во Центарот за вработување Кавадарци. Според општината, невработените ќе се стекнат со вештини и постепено ќе се вклучат на пазарот на труд.
- За периодот додека работат им останува статусот невработени и корисници на социјална помош, доколку се социјални случаи. За нив е предвиден паричен надомест во висина од 6.200 денари, со вклучен персонален данок и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување, појаснуваат од општина Кавадарци.
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова на литургија по повод Мала Богородица во црквата Свети Никола во Њу Џерси
-
Нови детали од тешката сообраќајна несреќа во Србија - Загина петчленото семејство
-
Тежок судир воено и цивилно возило во Србија, две лица загинати
-
Со автомобил тешко повредил жена во Прилеп и побегнал
-
Возач со џип удри во дете на велосипед и тешко го повреди
-
Маж пронајден со повреди во подземна гаража во Скопје, пренесен на лекување на Клиничкиот центар
-
Поплави во Унгарија, Будимпешта под вода
-
Најмалку 13 цивили загинаа во израелски воздушен напад врз училиште во Газа