Општина Гази Баба ќе доделува по 3000 денари за секое прваче
Општина Гази Баба ќе доделува по 3000 денари за секое прваче од следната учебна година.
-Денес ги потпишав првите решенија со кои ќе исплатиме 3000 денари на семејства кои имаат првоодделенче. Оваа мерка се спроведува за прв пат во општина Гази Баба оваа година, информираше градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да дојдат во просториите на општината и да поднесат барање за исплата.
Потребни документи: Потврда од основно училиште, Извод од матична книга на родени, Копија од лична карта на еден од родителите Копија од трансакциска сметка.
– Сите семејства кои имаат првоодделенче ќе добијат по 3000 денари еднократна парична помош, додава Стефковски.
Ново на Сител
-
Забрана за товарни возила на патот Гостивар – Стража
-
Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините снег
-
Реакција на Фрчкоски по прес-конференцијата на Муцунски
-
Рогов: Руските сили го освојуваат Курахов
-
Новата сириска влада ги предупреди граѓаните да не крадат јавен имот
-
Слаб снег провејува на Попова-Шапка и на преминот Пресека
-
Скопјанец нападнат од сопственик на авто сервис во Чаир
-
Охриѓанка измамена за 300.000 денари