Општина Босилово со грант ќе набави нови контејнери
Со грант од УНДП во висина од 26 илјади евра Општина Босилово ќе набави 145 метални контејнери за собирање смет.
Таква одлука донесе Советот на општината на вонредната седница, а Босилово е една од селектираните општини која е добитник на оваа грантова шема.
Според градоначалникот Зоран Зимбаков, одлуката грантот да се употреби за набавка на метални контејнери е поради подобрувањето на општинските услуги.
-Со тоа ќе го подобриме капацитетот на услугата на комуналното претпријатие, а ќе им олесниме и на вработените во собирањето на сметот, бидејќи еден контејнер можат да го користат шест до седум домаќинства. Дел од досегашните буриња што се користеа за собирање на сметот ќе бидат исфрлени од употреба и ќе бидат заменети со контејнери, рече градоначалникот на Босилово, Зоран Зимбаков.
Дваесет контејнери ќе бидат поставени во институциите кои се под надлежност на општината, а останатите во населените места и во општинскиот центар Босилово.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари