Општа болница Велес: Постигнати значајни промени, резултатот од реформите очигледен
Од именувањето на министерот за здравство Никола Тодоров, досега во ЈЗУ Општа болница Велес има значајни промени генерално во функционирањето и работењето на болницата, а се со цел укажување на квалитетна и навремена зравствена заштита на пациентите и подобрување на условите за работа на вработените, соопштија од таа јавна здравствена установа.
Од болницата информираат дека набавена е нова медицинска опрема, подобрени се здравствените услуги за пациентите, упатени се доктори на специјализација во странство, се воведуваат нови методи, овозможено е упатување на доктори и останат медицински персонал на едукација во странство и едукација во терциерни установи во државата, како и решавање на статусот на волонтери и лица ангажирани под договор (согласно Законот за трансформација во редовен работен однос) кој долг временски период се ангажирани во институцијата.
Во овој период, извршена е целосна реконструкција на Одделението за физикална медицина и рехабилитација и за истото. Набавен е компјутерски томограф за Одделението за радиодијагностика и дигитален мамограф кој е во фаза на монтирање, а целосно се реконструирани одделенијата за хируршки болести, за детски болести, за акушерство и за интерни болести.
Со воведувањето на националниот систем за електронско закажување на прегледи и интервенции „МојТермин”, посочуваат од болницата, се постигна намалување на метежот и редиците на чекање во амбулантите во болницата, унифицирани и веродостојни бази на податоци, брзо и едноставно евидентирање и запишување на податоци за пациентите, градење на електронски здравствен картон (досие), квалитетна здравствена услуга за сметка на намалена административна работата, формирање на детален распоред за прием на пациенти кај сите доктори итн.
За подобрување на здравствените услуги и нивото на здравствена заштита обезбеден е и нов кадар, односно вработени се: 16 доктори кои се упатени на специјализација , двајца доктори – специјалисти, 12 здравствени работници (медицински сестри, акушерки, физиотерапевти, радиолошки технолози итн.), здравствени соработници и помошно-технички персонал.
Од Општата болница-Велес наведуваат дека со заштедата од централизираната набавката на 353 лекови која изнесува 250 милиони денари, а која ја спроведувала Министерството за здравство, Тодоров одлучи дел од заштедата да се вложи во инвестирање во комплетна реконструкција на Инфективното одделение при таа јавна здравствена установа сместена во зграда која е стара повеќе од 30 години.
Предвидено е исто така и реконструкција на главната зграда на болницата на која ќе се постави термоизолациска фасада и нови термоизолациски прозорци и врати, како и поставување на систем за централен довод на гасови, набавка на нов апарат за анестезија, ендоскопски столб за урологија и нов интервентен гастроскоп.
Може да се констатира дека за краток период се направени промени од круцијално значење со кои во целост е подобрено функционирањето и работата на ЈЗУ Општа болница Велес. Според податоците на Министерство за здравство добиени врз основа на избалансиран приказ на постигнувањата (Balanced Score Card) ЈЗУ Општа болница Велес се наоѓа помеѓу петте најуспешни болници за 2013 година. Резултатот е очигледен од реформите во здравството кои ги воведе Министерството за здравство предводено од министерот Никола Тодоров и неопходно е да продолжат истите според динамиката и темпото кои несомнено го подигнаа нивото на квалитетот на здравствена заштита во Република Македонија, стои во соопштението од ЈЗУ Општа болница Велес.
Ново на Сител
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот
-
30 години Сител Телевизија - Ваш прв избор
-
Масовни протести во Грузија: Стотици уапсени, полицијата обвинува за насилство
-
Одговорност за наставничка што ја организирала приредбата во ОУ „7 Март“ во Челопек
-
Приведена кавадарчанка за обид со туѓа лична карта да подигне пари