Општа болница-Охрид: Максимални напори за доближување на македонското до европското здравство
Владата и Министерството за здравство вложуваат максимални напори за квалитетен исчекор во подобрување на здравствените услуги и доближување на македонското до европското здравство. Во ЈЗУ Општа болница-Охрид од 2006 година до сега има значајна позитивна промена во набавувањето медицинска опрема и подобрување на здравствените услуги на пациентите.
Ова го истакнува вд директорот на ЈЗУ Општа болница-Охрид, Љубен Арнаудов во соопштение по повод некои медиумски обвинувања за лекарската фела и македонското здравство.
Во овој период, стои во соопштението, се изгради најсовремен хируршки блок со европски стандарди кој се опреми со врвна технологија која изнесува преку 4 милиони евра, а во кој од неговото отворање од мај 2013 година, па се до јуни годинава се згрижени, 89.594 амбулански пациенти и 6.817 болнички пациенти.
Во делот на дијагностиката на болести се набавени најдобрите медицински апарати во вредност околу 2 милиони евра, како што се комјутерски томограф, мамограф, 4Д гинеколошки ултразвук, 4Д кардиолошки ултразвук, офтамолошки ласер, ендоскоп, лапараскоп, колоноскоп и др.
Во соопштението се наведува дека во доменот на организацијата и подобрувањето на здравствените услуги се воведоа нови медицински методи и технологии во работењето со пациентите, како што се системот МојТермин, сето тоа регулирано правно, во интегриран информатички здравствен систем, едукација и доедукација на здравствените работници и соработници, на кои им се овозможи проширување на нивните знаења, кај нас и во светот и воведување нови методи во лекувањето на пациентите.
За подобрување на здравствените услуги, се посочува во соопштението, Министерството за здравство овозможи вработувања на стручен медицински персонал: 23 доктори, 10 здравствени соработници, 27 сестри и 80 помошен персонал.
Сите овие вложувања во здравството и сите овие здравствени политики имаат за цел да им се олесни лекувањето, да се скратат патувањата до другите здравствени организации и исто така да се скратат дополнителните материјални трошоци на пациентите, а на лекарите им се овозможи побезбедно практикување во давањето на здравствените услуги, во осовременувањето на медицинската практика, базирана на медицински патеки и протоколи.
- Кога ќе ги земеме предвид сите вложувања кои досега се преземени, не можеме да се сложиме дека здравството е на маргините на општеството и ги охрабруваме Владата и Министерството за здравство да продолжат со посветена работа во развојот на здравствениот систем во Република Македонија, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители