Опра со една изјава успеа да го налути половина свет

Изборот на Доналд Трамп на чело на САД и натаму е тема која ги дели луѓето на поддржувачи и лути противници на новоизбраниот американски претседател, што на своја кожа го почувстува и познатата водителка Опра Винфри.
Иако во текот на кампањата таа ја поддржуваше Хилари Клинтон, по победата на Трамп, Опра објави помирувачки твит, кој го налути „половина свет“ и многу нејзини колеги од шоубизнисот.
- Сите вие, длабоко вдишите. Има надеж, напиша познатата телевизиска под објавената фотографија од средбата Трамп со актуелниот претседател Барак Обама во Белата куќа, по што почнаа критиките.

- Опра, што ти е? Не ми се допаѓа ова, напиша актерот Патон Освалд, а Хедер Матарацо беше и поконкретен: „Опра, ти слободно вдиши и задржи го воздухот, додека ние другите доследно се бориме за живот“.
Други беа „понежни“ и ја замолија водителката да „не се обидува да го прикаже Трамп како нормален“, кога децата од малцинските заедници веќе сега во американските училишта трпат дискриминација и насилство.
Опра на Твитер инаку ја следат речиси 35 милиони луѓе, а заедно со големиот број критики, за твитот за Трамп доби и десетици илјди лајкови.
Ново на Сител
-

Со видео надзор ќе се решава проблемот со дивите депонии
-

Мостовите во Штип стари повеќе од пет децении пред реконструкција
-

Преглед на вестите од светот
-

Системски пропусти за загадената вода во Струга
-

Тема на денот со Андреј Лепавцов, претседател на Паневропска Унија во Македонија
-

Карневалски денови во Струмица
-

Колку ќе биде тешко да се докаже дали во кумановско имало сериски убиец?
-

Истрага за пет тони марихуана
