ОПМ повикува на одговорно однесување и од институциите и од граѓаните
Потрошувачите да покажат солидарност, трговците да не манилупираат, Владата да ја зборува вистината. За да се намине паниката на пазарот, според Организацијата на потрошувачи, сите треба да придонесат. Состојбата е лоша, прогнозите велат дека дополнително ќе се влошува, но паниката ќе ги забрза процесите.
Имало јавувања во Организацијата деновиве, поторшувачите се загрижени и за растечките цени и за празните рафтови. Затоа Лончар апелира, трговците да не ја злупотребуваат моменталната состојба, а претставниците на власта да имаат исти ставови и се да споделуваат со јавноста.
Глобалните пазари нижат рекорди. Не само нафтата, туку и пченицата неделава достигна 14 годишен максиум. Во однос на претходната седмица, цената се зголеми за рекордни 40%. Слична е состојбата и со пченката. Агроекономистите предупредуваат дека со оглед на тоа што Русија и Украина обезбедуваат третина од количините на глобалниот пазар, недостиг ќе има и на краток рок тоа не може да се спречи.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар