Операта „Хофманови приказни“ на Мајски оперски вечери

На програмата на Мајски оперски вечери вечер ќе биде изведена операта „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах, во режија на Урсула Хорнер од Австрија, под диригентство на Јануш Пшибилски од Полска.
Настапуваат Себастијан Ферада од Уругвај, Николина Јаневска, Ивана Здравкова, Олгица Милевска, како и бројна екипа солисти при МОБ:
Либретото за оваа опера на француски јазик е напишано од страна на Жил Барбиер и базирано е врз три кратки приказни, напишани од страна Е. Т. А. Хофман. Како главен протагонист во операта е искористен Хофман лично. Инаку, Барбиер и Мишел Кери претходно имале реализирано претстава „Хофманови приказни“, која била продуцирана во театарот Одеон во Париз во 1851 година и која Офенбах ја имал гледано.
Сценографијата е на Марија Ветероска, костимограф Марија Пупучевска, а кореографијата е на Урсула Хорнер и Олга Панго.
Изведбата на операта е со почеток во 20:00 часот.
Ново на Сител
-

Одбележан 9 Мај – денот на победата над фашизмот и денот на Европа
-

Путин уверен во победа над Украина - парада без тенкови и ракети
-

Германија најавува откажувања на летови и поскапи авиокарти, кај нас најавени нови линии
-

Енормно се зголемија цените на становите
-

Ристески: Лани отворени нови 15.000 работни места, историски најмала невработеност од осамостојувањето
-

Првиот технолошки парк во Македонија- вештачка интелигенција која решева реални проблеми
-

Генералка викенд
-

Преглед на вестите од светот
