ОПЕК ја зголеми проценката за продажба на електрични автомобили
Организацијата на државите извозници на нафта (ОПЕК) ја зголеми за петпати долгорочната проценка за продажба на електрични и плаг-ин хибридни автомобили во светот, а истото го сторија и „Ексон“ и БП, со што според американски медиуми, нафтените компании се сериозно под закана.
Блумберг пренесува дека во ОПЕК лани верувале оти до 2040 година на пазарите во светот ќе има 46 милиони електомобили, а сега се уверени дека таа бројка ќе биде дури 266 милиони.
„Ексон Мобил“ својата проценка ја ревидира од 65 милиони на 100 милиони електрични возила до 2040 година, додека БП своите очекувања ги подигна за 40 отсто на 100 милиони електрични автомобили до 2035 година.
Аналитичари укажуваат дека побарувачката на нафта до 2040 година ќе се намали за 8 милиони барели дневно, колку што е количеството што го произведуваат Иран и Ирак заедно.
Производителите на автомобили се поскептични и нивните анализи се дека до 2025 година вкупната продажба ќе биде само 6 милиони, односно 8 милиони до 2030 година.
Ново на Сител
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена
-
Во кој суд ќе им се суди на обвинетите за пожарот во „Пулс“?
-
Клековски: Повредени од трагедијата во Kочани да не бараат консултации и процедури надвор од утврдените протоколи
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот