Омикрон сојот го зголеми бројот на заразени со Ковид-19 во Албанија
По завчерашната официјална потврда за присуство на новиот сој Омикрон во Албанија, надлежните денеска објавија зголемен број на новозаразени со оасниот коронавирус.
Според Министерството за здравство во изминатото деноноќие дијагностицирани се 321 новозаразен, што е за стотина повеќе од дневниот просек во изминатите десет дена или четириесетина случаи повеќе од вчера.
Регистрирани се и двајца починати, активни на болеста се 5.220, од нив хоспитализирани 122 од кои 20 во тешка состојба.
Епидемиолозите предупредуваат за нов бран посебно по божиќните и новогодишни празници поради големото присуство на иселеници кои нив ги минуваат во родниот крај, семејните и други групни собирања. Тие апелираат на строго почитување на антиковид мерките и што поитна имунизација.
Во Албанија, од 11 јануари кога почна вакцинацијата до сега аплицирани се 2.103.351 дози, од нив 1.072.645 примиле прва доза, 961.013 две и 67.381трета доза.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.