Тензично на собраниската Комисија за именувања и избори каде се расправа за избор на член на ДИК
Седницата на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска се одвива во тензична атмосфера откако пратеничката на опозициските албански партии Сафије Садики Шаини побара да не биде ставен на гласање предлогот за член на ДИК Зулфи Адили поддржан од Европската народна партија на Аријанит Хоџа, кој беше одбиен од членовите на партиите од власта.
Таа потенцира дека претседателот на Собранието Талат Џафери се ободува да ги саботира изборот. Посочи дека ова место во ДИК и припаѓа на албанската опозиција- на Алтернатива и БЕСА.
Членовите на Комисијата од опозициските албански партии и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ почнаа да тропаат по маси и бараат процедурално да се обратат.
За член на ДИК е предложен и кандидатот Абдуш Демири поддржан од албанската опозициска коалиција Европски сојуз за промени.
По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието. Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.
По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.
Претходно, Комисијата за прашања на изборите и именувањата утврди листа со пет кандидати за член на ДИК: Берат Даути, дипломиран правник од Тетово, Абдуш Демири, дипломиран економист од Тетово, Роберт Трајковски, магистер по мир и развој од Куманово, Зулфи Адиљи, дипломиран правник од Скопје и Самир Ракипи, дипломиран правник од Тетово.
Ново на Сител
-
Уапсен игумен во Грција додека се обидувал да продаде византиски реликвии за 200.000 евра
-
Алкараз и Синер ги сменија местата на врвот на АТП ранг-листата
-
Активни шест пожари на отворено во државава
-
Со 2,62 промили алкохол во крвта, жител на Дреново возел на регионалниот пат Кавадарци - Возарци и излетал од патот
-
Приведен 37-годишник од Арачиново, возел со 91 километри на час на место каде е дозволено 40
-
Почна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ Виница
-
Пожарот кај Никуштак активен, во гаснењето вклучени два „ер трактора“
-
Приведени две лица, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога | ФОТО