ОМД и Македонците низ светот ја прославуваат независноста на Македонија
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) заедно со Македонците низ светот денеска ја прославува 24-годишнината од независноста на Република Македонија.
На овој ден, како што наведува ОМД во дописот до медиумите, Македонците низ целиот свет им се поклонуваат на оние кои се изборија за формирање слободна и независна македонска држава.
- Во миговите кога го одбележуваме овој исклучително важен настан треба да се потсетиме на нашите храбри предци, од кои многу го имаат дадено својот живот за да го остварат вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Прославата на независноста на Република Македонија не треба да се сведе само на одбележување на датумот кога сонот и идеалот на плеада патриоти и борци се има конечно остварено, туку овој ден претставува одлична прилика за потсетување и зачувување на основните вредности и принципи кои ги имаат инспирирано нашите предци да се изборат за слободна и независна Република Македонија, наведува ОМД.
Според ОМД, на овој ден треба да бидеме благодарни на нашите предци, но и да се обврземе дека безрезервно ќе го чуваме нивното наследство и никогаш нема да се откажеме од градењето на праведна, стаблилна, демократска и евроатлантска Македонија.
- Овој ден е прославување за продолжување и отелотворување на вредностите врз кои е изградена нашата татковина, и славење на самите идеали за демократија и слобода, што ги имаат инспирирано нашите предци да се изборат за својата независна иднина. На овој ден на независноста, да се потсетиме дека демократијата не е статичен предмет, туку континуиран чин на стремеж, стои во дописот од ОМД.
Иако, Македонија се соочува со сериозни предизвици, ОМД е сигурна дека постои енергија за нивно надминување. ОМД ќе продолжи да ја поддржува Македонија во своите потфати за гарантирање мир, стабилност и безбедност. - Искрено се надеваме дека Македонија конечно ќе добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит во Варшава во 2016 година, пиштува ОМД.
Ново на Сител
-
Поништен изборот за судија во Стразбур, Владата формираше нова комисија
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокат
-
Приведено лице поради обид за подметнување пожар кај брана Водоча, обвинителството бара притвор
-
Владата бара нови кандидати за ЕСЧП
-
Собранието му изгласа недоверба на обвинителот Коцевски
-
Собранието ја констатираше оставката на претседателката на Антикорупциска
-
Чешкиот „Блек Хок“ доаѓа во Скопје, ја прифативме и помошта од Словенците - најкритично на Готен
-
Аpсовска се соочи со напаѓачот Јамалари – тој не чувствува вина за нападот