Омбудцманот констатира кршење на имунитетот на пратениците при нивното приведување
Народниот правобранител констатирал дека при приведувањето на тројцата пратеници, на 28 ноември 2017 година, е повредено правото на пратенички имунитет и начелото на презумпција на невиност, поради непочитување на Правилникот за начин и вршење на полициски работи од страна на полицијата.
На денешниот брифинг со новинари Народниот правобранител Иџет Мемети информира дека констатираните состојби се од постапувањето по добиена претставка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.
За Народниот правобранител неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на член 19 од Правилникот за начинот и вршење на полициски работи, според кој доколку лицето кое се приведува се повика на статусот имунитет полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.
Народниот правобранител, информира дека е доставена препорака до министерот за внатрешни работи со која се бара да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници на 28 ноември 2017 година, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците.
Дополнително, Народниот правобранител почитувајќи ја независноста и самостојноста на судската власт смета дека е потребно да се постави и прашањето зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет, без претходно да им биде одземен.
Народниот правобранител посочи дека се задоволни од соработката со Министерството за внатрешни работи за постапката, без разлика што не одговориле директно на поставените прашања, но доставиле комплетна документација со која можело точно да се лоцира проблемот.
Ново на Сител
-
Обвинението за пожарот во „Пулс“ чека оценка од судот
-
Трамп го прими Зеленски во Белата куќа
-
Тема на денот со ново избраниот декан на ФИНКИ, Петре Ламески
-
Партиски обвинувања за Еразмус+
-
Предизборни превирања во ДУИ и ВРЕДИ
-
Најмалку два потписа за кандидатура на изборите – експертите предупредуваат на хаос со изборните листи
-
Утре почнува уписот на бруцоши на УКИМ: Како напредува процесот на дигитализација?
-
Вештачката интелигенција „ги изеде“ јуниорските работни места: Како сегашните и идните студенти да се подготват за новата реалност?