Олимпијадата во Париз најверојатно без руски и белоруски спортисти
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) не ја исклучи денеска можноста на Олимписките игри 2024 во Париз да им биде забранет настап на спортистите од Русија и Белорусија поради инвазијата врз Украина.
– Ќе мораме да донесеме одлука за тоа што ќе се случува со секоја од овие две држави, а мојата претпоставка е дека општиот впечаток ќе биде да не се натпреваруваат во Париз, изјави членот на МОК, Крег Риди за британските медиуми.
Првиот човек на МОК, Томас Бах, претходно во мај рече дека настапот на Русија сè уште е нејасен.
Од спортовите кои се на олимписката програма, Русите и Белорусите имаат дозвола за настап само во велосипедизам, џудо и тенис.
Риди, од своја страна, додаде дека се сомнева дури и на спортистите од овие спортови ќе им биде дозволен настап на олимписките квалификации.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа