Оланд: Турските напади во Сирија можат да доведат до отворен конфликт со Русија
Турските напади врз позиции на Курдите во Сирија може да доведе до отворен конфликт со Русија, што е многу опасно бидејќи Турција е членка на НАТО, предупреди францускиот претседател Франсоа Оланд.
Истовремено, Оланд истакна дека Франција ќе продолжи да ги бомбардира реоните кои се под контрола на Исламска држава.
- Тоа е терористичка организација, тоа не е опозиција на Башар ал Асад. Јас барам од коалицијата во Сирија да не ја испушта од вид таа главна цел. Тоа истото се однесува и за Турција и Русија, истакна Оланд по средбата на врвот на ЕУ во Брисел.
Тој нагласи дека главна тема на средбата на врвот Турција-ЕУ следниот месец ќе бидат миграцијата и контролата на границите. Оланд потсети дека министрите за одбрана на земјите од НАТО на 10 февруари донесоа одлука да испратат военоморски сили на Алијансата во Егејско Море за зајакнување на контролата на турските граници и набљудување на нелегалната трговија со мигранти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница