Оланд и Путин во Кремљ ќе се координираат во борбата против Исламска држава
Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Кремљ ќе се сретне со својот француски колега Франсоа Оланд, за да ги разгледаат прашањата на одговорот на терористичката закана и координацијата на борбата против џихадистичката група Исламска држава, како и за други теми што се наоѓаат на дневниот ред на меѓународната заедница, информира прес службата на Кремљ, цитирана од ТАСС.
На разговорот ќе бидат разгледани и мислењето за целиот комплекс на билатерални односи, се додава во сооштението.
Лидерите на Русија и Франција оваа средба ја договорија на 17 ноември, непосредно по атентатите во Париз.
Во телефонски разговор Путин и Оланд, во светлина на париските атентати и соборувањето на рускиот патнички авион во Египет се договорија да бодат воспоставени потесни контакти и координација на активностите меѓу Министерствата за одбрана и специјалните служби на двете земји во екот на операциите против терористичките структури, изведувани од Франција и Русија во Сирија.
Уште истиот ден Путин и нареди на руската војска да воспостави директен контакт со своите француски колеги и со нив да работат „како со сојузници“, а исто така и да разработат план за заедничка борба со терористите на територијата на Сирија, забележа ТАСС.
Оланд, кој ја призна неопходноста од меѓународна коалиција во борбата со тероризмот, за оваа тема веќе разговараше со лидерите на Велика Британија, Германија и САД.
Ново на Сител
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј
-
Тотенхем победи во дербито и ги продлабочи проблемите на Манчестер Јунајтед