Околу две и пол илјади лица во карантин во Гостивар и Тетово
Во Полошкиот Регион има 2424 лица на кои им е издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Според податоците на СВР Тетово, станува збор за лица кои имале позитивен тест на Ковид-19 и тие што имале контакти со заразен. Заклучно со денес, во Тетовското се 1386, а 1038 се во Гостиварско.
Од СВР Тетово информираат дека во рамки на нивните надлежности тие редовно ги спроведуваат контролите. Полициските службеници вчера и денеска (23/24 август), контролирале 1162 во Тетово и Тетовско и 986 во Гостивар и Гостиварско.
Што се однесува до лицата кои во текот на овој месец не ги почитувале решенијата за изолација и при контролите не биле во домовите, до денеска нивниот вкупен број изнесува 142, информираат од СВР Тетово.
На сите нив ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, кривично дело казниво по член 206 од Кривичниот законик. Зависно од последиците кои ги предизвикале, покрај парична казна, некои од прекршителите може да се соочат и со затворска казна.
Ново на Сител
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)
-
Битoлски хирург фатен како прима поткуп по направена операција на жолчка
-
Мицкоски најави ригорозни контроли во маркетите
-
Според СДСМ задолжени се следните три поколенија, премиерот очекува унгарскиот кредит да го раздвижи стопанството
-
За нова цена на парното Регулаторна ќе одлучува до крајот на неделава
-
Левица со предлог измени на закон
-
Девет амбасадори се враќаат дома – иницијатива за именување на 4 нови