Околу два милиони луѓе во Украина се изложени на ризик од раселување доколку конфликтот ескалира
![]()
Околу два милиони луѓе кои живеат на линијата на фронтот во источна Украина ризикуваат да бидат раселени доколку конфликтот ескалира, предупреди Норвешкиот совет за бегалци додека се зголемуваат тензиите поради распоредувањето руски војници.
– Животите и безбедноста на милиони луѓе во источна Украина висат на конец додека чекаме политички пробив во сегашниот ќор-сокак, рече Јан Егеланд, генерален секретар на Норвешкиот совет за бегалци (НБС), во изјава по посетата на регионот.
– Не смееме да го потцениме човечкото страдање од обновување на конфликтот – тоа ќе доведе до зголемување на цивилни жртви, масовно раселување и нагло зголемување на хуманитарните потреби, додаде тој.
Со зголемувањето на тензиите, НСБ предупреди дека „до два милиони луѓе кои живеат во зона од 20 километри од двете страни на контактната линија во источна Украина ќе бидат изложени на зголемен ризик од насилство и раселување доколку конфликтот ескалира”. Организацијата соопшти дека повеќе од 850.000 луѓе веќе се внатрешно раселени, а три милиони сметаат на хуманитарна помош.
– Активни воени дејствија драстично би ја влошила постоечката хуманитарна ситуација, во која потребите се веќе големи поради долгогодишното насилство, велат од организацијата.
НСБ исто така нагласи дека секоја остра ескалација на конфликтот би можела „да ги промени значајните подобрувања” во последниве години, согласно кои бројот на луѓе на кои им е неопходна помош е намален од пет милиони колку што изнесуваа во 2015 година.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

Акција за почисто Скопје во полн ек
-

Николовски тврди дека се загрозени 128 милиони евра од ИПАРД, Трипуновски тврди дека не се
-

Нема напредок во работата на комисијата со Бугарија - учебниците по историја за петто и шесто одделение на увид
-

Вештачката интелигенција нема да ги замени лекарите, туку ќе им помага
-

Во Штип прв центар за рана рехабилитација на деца со попречености
-

Саем за храна под мотото „Вкуси ја традицијата преку домашна здрава храна“
-

Се поскапо седнувањето во ресторани
