Околу 70 проценти од лицата без државјанство во Македонија се Роми

Во Македонија повеќе стотици граѓани се апатриди (лица без државјанство) од кои над 70 проценти се Роми, покажува извештајот „Ромите припаѓаат - Бездржавјанство, дискриминација и маргинализација на Ромите во Западниот Балкан и Украина“, претставен денеска во Скопје.
Македонското здружение на млади правници со работа на терен од 2010 година досега имаат идентификувано 664 случаи на бездржавјанство, како незапишано раѓање и лично име и лица кои немаат регулирано државјанство, од кои околу 70 проценти се Роми, се наведува во извештајот.
Според Нина Мариј од Европската мрежа на бездржавјанство, во Европа има над 600.000 луѓе без државјанство и а низ целиот свет нивната бројка изнесува над 10 милиони лица.
- Поради недостигот на документи голем број од ромската популација живее без државјанство и не можат да го докажат својот идентитет и националност. Бездржавјанството значи да се живее без националност, без држава и претставува правна аномалија. Лицата без државјанство се соочуваат со големи тешкотии да ги остварат своите фундаментални права за образование, здравствена заштита, работа и слобода на движење, рече Мариј.
Во извештајот се наведува дека во Македонија според официјалните статистики живеат 53.879 Роми или 2,7 проценти од вкупното население.
Извештајот е подготвен од страна на Европскиот центар за ромски права, Институтот за бездржавјанство и инклузија и Европската мрежа за бездржавјанство, во соработка со националните проектни партнери Општеството за правна помош од Албанија, здружението Вашите права од БиХ, Македонското здружение на млади правници, Млади Роми од Црна Гора, Праксис од Србија и Десетти април од Украина.
Ново на Сител
-

Колку и да си популарен остани си човек | Боби Павловски | ПРОфесија | Sitel Podcast 121
-

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Прилеп - Росоман
-

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година
-

Родител пријавил дека неговата малолетна ќерка била допирана додека била на училиште
-

Мицкоски од Брисел: Поради вештачки спорови две и пол децении стоиме во место на нашиот европски пат
-

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија
-

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
-

Откриена спомен-биста на Илија Димовски - Гоче во Алејата на великаните на на градските гробишта Бутел
