Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
Вработените во американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) денеска им било наредено да не влегуваат во седиштето на агенцијата во Вашингтон.
Известувањето им било доставено откако милијардерот Илон Маск објави дека претседателот Доналд Трамп се договорил со него да ја затвори агенцијата.
Вработените во УСАИД изјавија дека околу 600 вработени пријавиле дека биле исклучени од компјутерските системи на агенцијата во текот на ноќта.
Оние кои сè уште се во системот добија е-пошта во кои се наведува дека „по наредба на раководството на Агенцијата“ зградата на седиштето „ќе биде затворена за персоналот на Агенцијата во понеделник, 3-ти февруари“.
- Стана очигледно дека тоа не е само јаболко со црв во него. Она што го имаме е топка полна со црви. Мораме да се ослободиме од целата работа, не може да се поправи. Ќе ја затвориме. изјави Маск.
Тој го изјави ова откако администрацијата на претседателот Трамп им одредени отсуство на двајца врвни безбедносни раководители на УСАИД кои одбија да предадат доверливи материјали на специјалните инспекциски тимови на Маск, изјавија вчера за американските медиуми еден сегашен и еден поранешен службеник на агенцијата.
„Претставниците на Одделот за владина ефикасност на Маск, новосоздаден оддел во администрацијата на Трамп, на крајот завчера добија пристап до чувствителните информации на агенцијата, кои вклучуваат разузнавачки извештаи“, изјави поранешен функционер.
Ново на Сител
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија
-
Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега
-
Бектеши останува во притвор, одлучи Апелациониот суд
-
ЕК: Прекинот на струја во Шпанија и Португалија не е кибер напад, но е лекција за потребата од подготвеност
-
Додека го апселе прилепчанец украл пиштол на полицаец
-
Исчезна 11-годишно дете од СОС Детско село
-
Викендот сончево и топло, следната седмица повремен дожд и појава на грмежи