Македонија
24. April 2025 - 14:15

Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда

Околу 100.000 евра се собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда одигран пред осум дена на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Според извршниот директор на клубот Миленко Неделковски, откако ќе заврши процедурата парите преку Црвениот крст на Македонија ќе бидат префрлени кај семејствата од настраданите од големиот пожар во Кочани.

Првиот оперативец на најторфејнито македонски фудбалски клуб искажа благодарност за гостите од Белград кои прифатија да го одиграат овој натпревар.

Беа продадени околу 25.000 билети, а многу познати фудбалски имиња купија по неколку десетици билети и ги подарија на најмладите љубители на фудбалот.