ОЈО Скопје поведе постапка против татко и син осомничени за насилство во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица, татко и син од Скопје, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
– Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот 41-годишник, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да го повтори делото, со оглед дека се работи за лице кое и претходно е осудувано за повеќе слични кривични дела. Исто така, постои и опасност осомничениот да му се заканува или да го нападне оштетениот во обид да го принуди да го смени исказот. За неговиот 21-годишен син, пак, предложени се мерки на претпазливост.
Ново на Сител
-

Македонските ракометари поразени од Јапонија
-

54-годишна жена од битолско повредена со воздушна пушка додека била на нива
-

Кривични пријави за матичари и советници кои овозможиле жена да користи два идентитети
-

За следење на вториот круг од локалните избори акредитирани 1598 набљудувачи, 933 домашни и 651 меѓународен
-

При претрес во охридско пронајдени дрога, оружје и муниција | ФОТО
-

Во гостиварската полиција пријавено дека малолетник се затрул од алкохол во угостителски објект
-

Кривична против неготинец поради сомнеж за „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем
-

Во штипскиот затвор почина Кире Ѓорѓиевски, еден од осудените за случајот 27 април
