ОЈО: Приведени сите осум напаѓачи од М-НАВ
Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека се лишени од слобода сите осум лица за упадот во М-НАВ на 4 јануари.
- Освен петте лица за кои претходно информиравме, беше поднесен предлог за определување мерка притвор за уште три лица. За двајца осомничени, судијата на претходна постапка определи мерка куќен притвор, на која обвинителството веќе вложи жалба, додека за третиот осомничен се очекува одлуката на Судот по предлогот на надлежниот обвинител, соопштуваат од Обвинителството.
По упадот во М-НАВ беа приведени четири лица меѓу кои и советникот на директорот на М-НАВ, Беким Незири на кои судот им одреди мерки на претпазливост, но по жалбата од Обвинителството, Кривичниот совет ги преименува во мерка куќен притвор. Петтоосомничениот беше приведен подоцна и нему му е определен 30-дневен притвор.
Упадот се случи на 4 јануари веднаш по прес-конференцијата на претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање Александар Тасевски, на која тој информираше дека контролори на летање и нивни помошници во М-НАВ се очекува да почнат да поднесат оставки од раководните позиции, како поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.
Јавното обвинителство отвори истрага против осум лица кои се сомничат дека сториле кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата