ОЈО поднесе обвинение за недозволено поседување автоматска пушка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 23-годишен жител на село Буковиќ за недозволено поседување автоматска пушка.
– Во близина на кафе-бар во негова сопственост, на влезот од селото Буковиќ, обвинетиот 23-годишник држел автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм од бугарско производство, која претставува верзија на руската автоматска пушка АК-47 Калашников. Ова оружје им е забрането на граѓаните и за него не може да се добие дозвола за поседување. Заедно со автоматската пушка биле пронајдени и две рамки без куршуми, се вели во соопштението од ОЈО.
Надлежниот јавен обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори делото, до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор.
Лицето се терети за кривично дело – Неовластено производство, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Киривичниот законик.
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов